Туристичката индустрија, која дава значаен придонес во бруто домашниот производ на Европа, би можела засекогаш да се промени во услови на климатски промени.

Во јули, илјадници резервации беа откажани на Родос по шумските пожари .
На италијанскиот остров Сицилија шумските пожари беа многу помалку раширени и не погодија многу туристи.
Но, стравот од пожари сепак го
направи своето, се намали бројот на резервации .
Посебно во Италија и Грција  кои се меѓу земјите на ЕУ чии економии се особено силно зависни од туризмот.

Студијата на Комисијата на ЕУ покажа јасна поделба север-југ за туристичката побарувачка во Европа.

Но, каква е целосната слика?

„Нема да има  пад, туку промени“

Се претпоставува дека нема да има драматичен пад. Наместо тоа, ќе има постепена промена.

Од една страна, Французите кои летово многу настрадаа од жештините, ќе се обидат да најдат нешто помалку топли дестинации, односно помалку кон југ и нешто повеќе кон север, било да е северна Франција, но и во северна Европа,  односно дестинации каде не е толку топло во јули и август.

Маурициус, на пример, сега е деветта најважна летна дестинација за Французите, иако Маурициус има зима во јули и август. Но, тоа не значи дека туризмот ќе пропадне во земји како Грција, Шпанија и Италија.
Сезоната нема да биде ограничена само на јули и август. Ќе се прошири до пролет и есен“.

Европа е сè уште најпосетуваниот регион во светот, според Светската туристичка организација (UNWTO). Пример, во 2020 година, континентот генерирал 41 отсто од глобалниот приход од туризмот и регистрирал 51 отсто од сите меѓународни пристигнувања – што е еквивалент на 582 милиони туристи

Поместување од југ кон север

Сепак, туристите во Европа постепено почнуваат да го менуваат својот фокус, многу бавно, но забележливо.

„Ова лето, избраните дестинации се прво Грција, втора Шпанија и трето Тунис, значи трите најжешки земји.
Имаше зголемување на бројот на посетители во Скандинавија, на пример, и имаше зголемување на бројот на посетителикако и, северниот дел на Франција.
Ова движење ќе биде постепено,а не одеднаш, нема да има нагол процес. Но, туристичките компании во земји како Шпанија, Грција и Тунис треба да бидат подготвени дека бројот на посетители ќе биде помал во јули или август и секако поголем во јуни и септември во иднина“.

Според Европската комисија за патувања (ETC), Европа како дестинација за патување ширум светот, европскиот туристички пазар е во нагорна линија. Во однос на бројот на патници кои пристигнуваат во Европа, оваа година веќе достигна 95 отсто од вкупниот број во 2019 година, вели ETC. 

Високата побарувачка од потрошувачите се задржува и покрај постоечката инфлација и зголемените патни трошоци. Тоа се должи и на туристите од САД кои имаат корист од поволниот курс. Според податоците на ETC, особено голем пораст на туристи од САД бележат Португалија (+79%), Турција (+78%) и Црна Гора (+43%)

Генерално, трендот е кон земји за кои се вели дека нудат добра вредност за парите. Податоците од Европската комисија за патувања до и заклучно со мај 2023 година покажуваат дека особено четири земји имаат корист:
Србија (со раст од 27% во тековната година),
Бугарија (+21%),
Црна Гора (+12%) и
Турција (+9%).

Горан Дамчевски