Кадровското одделение или познато како (Human Resources) е најважниот оддел во хотелското работење. Независно од тоа во која категорија спаѓа вашиот хотел, колку имате вложено во него или со каква опрема располага,  вашиот хотел се вработените кои што ја нудат хотелската услуга, независно дали се вработени во ресторанот или пак во барот. Сите тие имаат директен контакт со гостинот и го претставуваат вашиот хотел.


Кадровското одделение е задолжено да спроведе контрола на сите работни процедури  и стандарди и по потреба може директно да изреагира доколку е потребно. Овој сектор е задолжен да го преиспита секој вработен за квалитетот на услугата и квалитетот на комуницирање со секој гостин доколку тој не ги задоволи очекувањата на менаџерите. Кадровското одделение треба да одржува тренинзи за да се подобри квалитетот на услугата, затоа овој сектор треба да направи анализи за тоа какви тренинзи се неопходни и во кој момент истите ќе се одржат. Во хотели каде што не постои кадровско одделение оваа улога може да се префрли на  фирми кои што нудат вакви усуги. Ова исклучително е потребно хотелите да го практикуваат со цел  да се зголеми квалитетот на услуга, а со тоа да се подобри задоволството на гостите.

Ativador Windows 7