Less is More – Едноставноста како најголем луксуз во хотелот

Објавено од Regent Consulting

Во последните години, многу хотелиери се обидуваат да привлечат гости со што е можно повеќе содржини: нови менија, активности, промоции и пакети.Сè изгледа како „вредност плус“.
Но дали навистина е така?

Во реалноста, токму прекумерноста најчесто го одзема она најважното – јасноста и суштината на гостинското искуство.

Кога „повеќе“ станува пречка
Кога хотелот нуди премногу, секој дел од организацијата станува пооптоварен:

  • Тимот нема јасен фокус – секој прави по нешто, но малку што е изведено совршено.
  • Гостите се бомбардирани со информации и избори, што создава конфузија.
  • Процесите стануваат тешки за контрола, а конзистентноста се губи.

Резултатот е парадоксален: повеќе напор, а помал ефект.

Луксузот денес има ново значење

Во време кога се е достапно, едноставноста станува новата форма на луксуз. Современиот гостин не бара повеќе содржини, туку подобро искуство – јасно, персонализирано и тивко.

Луксузот денес не се мери во број на ѕвезди, туку во внимание, автентичност и мир.

Како што забележува Forbes, едноставноста е нов симбол на искрен луксуз во хотелската индустрија.

Less is More во хотелскиот менаџмент

Принципот Less is More не се однесува само на дизајнот или услугата – туку и на начинот на управување:

  • Помалку состаноци, повеќе резултати. Кратки, фокусирани состаноци се покорисни од бескрајни дебати.
  • Помалку KPI, повеќе смисла. Наместо 40 показатели, следете 5 што навистина носат резултат.
  • Помалку зборови, повеќе дела. Комуникацијата со јасна и кратка порака создава сигурност во тимот.

Како да примените едноставност во вашиот хотел

Едноставност во дизајн

Елиминирајте непотребен декор и визуелен шум. Просторот што „дише“ создава мир и рамнотежа што гостите веднаш ја чувствуваат.

Едноставност во комуникација

Поедноставете ги пораките и визуелите. Гостите сакаат јасност, не комплексни објаснувања.

Едноставност во услуги

Обучете го персоналот да прави помалку – но совршено. Подобро е три услуги безгрешни, отколку десет просечни.

Прочитајте повеќе за организациска структура и SOP процеси во хотел.

Едноставноста бара храброст

Да се избере „помалку“ не е лесно. Бара дисциплина, стратегија и доверба во процесот. Но токму тоа е патот кон стабилна и препознатлива хотелска култура.

Во хотелиерството кое станува сè покомплексно, едноставноста е новата софистицираност.

Ако сакате, може да разговараме.