Дводневна обука за стратешко управување кај хотелските објекти

Добро испланираната стратегија и сподобност за соодветно извршување на истата се клучни фактори за успех на секој бизнис. Имајки го предвид фактот дека во хотелско-угостителската индустрија има силна конкуренција, стратегискиот менаџмент или создавање на ефективни планови и процеси за успешен угостителски бизнис, е од клучно значење за успехот на хоетлите.

Стратегиското управување претпоставува стратешко планирање, или способност на организацијата да ги утврди краткорочните и долгорочните цели, а потоа да ги утврди одлуките и активностите кои треба да се преземат за да се постигнат тие цели. Овој курс се фокусира на принципите кои им овозможуваат на менаџерите да ги водат своите хотели низ процесите на формулирање, спроведување и евалуација на стратегиите на работа.

Целта на оваа обука е да се развие способноста кај хотелските менаџери за користење на аналитичките алаткиво интерес на анализирање на индустријата и конкурентите. Посебно внимание се посветува на стратегии за градење конкурентска предност и генерирање вредност за клиентите. Покрај тоа, ефективното стратешко одлучување бара учење преку активно решавање на проблеми; Оттука, нашиот акцент ќе биде на преведување на концепти во акција преку методот на анализа на реален случај.

Оваа обука ќе биде интензивен курс на стекнување теоретски знаења и практични вештини, кои ќе се стекнат преку обработка на следните теми:

Оперативен менаџмент

  • Управување со човечки ресурси
  • Основни стандарди во угостителство
  • Управуване со промени
  • Дефинирање модел на работа

Стратегиско планирање

  • Анализа на работење
  • Управување со приходи и расходи
  • Сегментација на пазарот и позиционирање
  • Канали на маркетинг и продажба

Обуката е дизајнирана да се реализира во 2 дена, а целите ќе се постигнат во сесии составени од практични и интерактивни вежби пропратено со теоретско предавање.

Кои се обучувачи?

Тренер на обуката е Горан Дамчевски, SHL сертифициран тренер.

Горан Дамчевски, како претпприемач и активен учесник во тековите во реалниот бизнис сектор, своето 30-годишно искуство активно го пренесува на своите клиенти од 2012 година.
Основач е на Регент Хоспиталити Консалтинг, компанија која се занимава со консултации и организација на едукативни семинари во Македонија и регионот, а воедно и раководен консултант и едукатор во областa на хотелски и ресторански менаџмент.
Тој е сертифициран тренер на тренери, во полето на Соодветна комуникација со клиенти, од страна на SHL – школата за хотелски менаџмент во Луцерн.
Како стручен консултант, активно е инволвиран во повеќе програми за доедукација на кадри преку промоција на неформалното образование, како што е програмата за развој на хотелиерството и туризмот, на Европската Банка за Обнова и Развој.

Кога ќе се одржува?

Обуката ќе се одржи на 12-ти и 13-ти февруари, од 9ч до 16ч.

Каде?

Местото на одржување на обуката ќе биде во хотелот Холидеј Ин – Скопје, во салата “Бисер“.

Што добивате дополнително?

  • Секој кој што успешно ќе ја заврши обуката (активно присуство на најмалку 80% од обуката) се стекнува со сертификат издаден од Regent Hospitality (сертификатот е на Англиски јазик);
  • Работни материјали;
  • Листа на контакти за ваше идно вмрежување и соработка;

НАПОМЕНА: Обуката ќе се одржува со група од минимум 10 членови.

Колку треба да инвестирате?

ПРОМОТИВНАТА ЦЕНА НА ОБУКАТА ИЗНЕСУВА 9.800 ден.
Реалната цена на чинење за овој тип на обука е 24.000 ден. по учесник, но согласно целите за развој на бизнис вештини, оваа обука ќе ви биде овозможена по повластена цена.

Како да се пријавите?

За пријавување на оваа обука, доволно е да ја пополните формата за пријавување на оваа страница или да ги пратите следните информации на info@regent.mk, со назнака:
“Пријава за обука“:
– Име и презиме
– Контакт телефон

Повеќе информации на:
070 217 058
070 267 087