Инфо сесијa: Управување со канали на продажба кај хотелите

Во соработка со реномираната компанија Reseliva од Турција, организираме двочасовна инфо сесија на тема “УПРАВУВАЊЕ СО КАНАЛИ НА ПРОДАЖБА”, во рамки на активностите за региноална соработка за подобрување на хотелското работење.

Целта е запознавање на хотелиерите со современите алатки за управување со продажните канали, во интерес на зголемување на приходите и намалување на ниската сезона во хотелската индустрија. Преку презентирање на значењето кое го имаат модерните технологии за правилно и полесно исполнување на сместувачките капацитети, своето долгогодишно ќе го споделат експерти во туристичката дејност.

Настанот ќе се одржи во Хотел Хилтон во Скопје, со почеток во 11:00 часот.

Агенда на настанот

Време Тема Говорници
11:00 – 11:15 Регистрација
11:15 – 11:30 Воведен говор Игор Дамчевски
Александар Целески
11:30 – 11:40 Претставување на Reseliva – Турција Ведат Каракоч
11:40 – 12:00 Предизвици во управувањето со канали на продажба кај хотелите Игор Дамчевски
Ведат Каракоч
12:00 – 12:20 Канал-менаџерите како алатка за правилно управување со приходите Александар Целески
Ведат Каракоч
12:20 – 12:45 Презентација на Reseliva Channel Manager и Reseliva Booking Engine системите Ведат Каракоч
12:45 – 13:00 Затворање на сесијата и коктел

Г-дин Ведат Каракоч e ко-основач на компанијата Reseliva, со седиште во Истанбул, Турција и бизнис операции во голем број земји од Европа и Азија.

Присуството на настанот е бесплатно, бројот на седишта е ограничен.

Повеќе информации и пријава за присуство на настанот на info@regent.mk или 070-267-087