Ние ја разбираме уникатноста на пробелмите и предизвиците со кои се соочуваат објектите во хотелско-угостителската индустрија, како и различните потреби кои секој од нив ги има.

Нашиот тим е фокусиран на развој на индивидуални консултантски стратегии, според потребите на клиентот. Консултантските активности ги опфаќаат барањата на самиот објект како и потребите на менаџерскиот тим, со цел достигување на повисок стандард на квалитет и рашавање на сите потенцијални проблеми во тековното работење.

Доменот на експертиза при консултантските услуги вклучува:

  • Консултации во фаза на предотворање и отворање на објекти
  • Воведување и позиционирање на пазар
  • Консултации при тековно управување на хотелски објекти
  • Персонален коучинг на вработени на менаџерски позиции
  • Категоризација и рекатегоризација на објекти според европските правилници на HOTREC и HotelStars
  • Маркетинг менаџмент и стратегиско планирање
  • Оптимизација на каналите за директна продажба, со цел избегнување на посредничките провизии (од Booking, Expedia ..)
  • Имплементација на индивидуални Стандардни Оперативни Процедури – СОП
  • Консултации при управување со приходи и ценовни стратегии
  • Стручно составување и корекции на ресторанско мени

Наша главна задача и мисија е дистигнување на самостоен модел на високо-ефикасно управување кај нашите клиенти, истовремено обезбедувајќи им континуирана поддршка  и развој  во интерес на унапредување на работењето.