Нови обуки за жени менаџери, во Охрид и Скопје

Со оглед на успешните резултати и големиот интерес, Regent Hospitality повторно организира ОБУКА ЗА ЖЕНИ МЕНАЏЕРИ ВО ХОТЕЛИЕРСТВОТО. Овој пат во две последователни сесии, кои ќе се одржат во Охрид и Скопје.

Под влијание на традиционалниот приод и сфаќањата на средината во која работи жената менаџер, хотелско угостителскиот бизнис не се разликува многу од другите стопански дејности. Оваа работна позиција, од аспект на полова диференцијација, на жената менаџер не би требало да и задава дополнителни потешкотии во работењето. Сепак, истражувањето покажува дека 70% од жените менаџери се стекнуваат со потешкотии и тоа токму во делот со комуникација како со гостите, така и со вработените. Посебно ова се забележува при справување со незадоволни гости.

Целта на оваа обука е стекнување и унапредување на знаењата и вештините, за да се постигне поуспешна комуникација со гостите и со вработените во хотелските објекти.

Оваа обука ќе биде интензивен курс на стекнување теоретски знаења и практични вештини, кои ќе се стекнат преку обработка на следните теми:

  • Соодветно однесување со гостите
  • Потребни вештини во угостителството и нивна примена
  • Справување со поплаки од гости
  • Прием и комуникација со гости
  • Почитување на различностите кај луѓето
  • Тимска работа и улогата на менаџерот во хотелот и ресторанот
  • Справување со несекојдневни ситуации
  • Процес на комуникација
  • Давање и примање на информација
  • Решавање на конфликти

Обуката е дизајнирана да се реализира во 2 дена, а целите ќе се постигнат во сесии составени од практични и интерактивни вежби пропратено со теоретско предавање.

Кои се обучувачи?
Тренери на обуката се Горан Дамчевски и Ирена Јакимова, SHL сертифицирани тренери.

Горан Дамчевски, како претпприемач и активен учесник во тековите во реалниот бизнис сектор, своето 30-годишно искуство активно го пренесува на своите клиенти од 2012 година.
Основач е на Регент Хоспиталити Консалтинг, компанија која се занимава со консултации и организација на едукативни семинари во Македонија и регионот, а воедно и раководен консултант и едукатор во областa на хотелски и ресторански менаџмент.
Тој е сертифициран тренер на тренери, во полето на Соодветна комуникација со клиенти, од страна на SHL – школата за хотелски менаџмент во Луцерн.
Како стручен консултант, активно е инволвиран во повеќе програми за доедукација на кадри преку промоција на неформалното образование, како што е програмата за развој на хотелиерството и туризмот, на Европската Банка за Обнова и Развој.

Ирена Јакимова е сертифициран обучувач и консултант за деловен развој. Од 2011 година, таа активно работи како тренер (предавач) и консултант на менаџери, претприемачи и компании. Таа има изградено огромно искуство во областите на маркетинг, рекламирање и комуникации, како за компании, така и за меѓународни развојни организации. Таа има повеќе од 15 годишно работно искуство за домашните претставништва на интернационалните рекламни агенции, како што е DDB Needham (ИДЕА Плус), МекКен Ериксон, Скопје. Нејзиниот ангажман во областа на тренинг и едукација ги покрива темите од областа на менаџмент, комуникација, продажба, мотивација и личен развој.
Таа, исто така, е Мастер обучувач на SHL (Swiss Hotel Management Academy) за комуникација насочена кон клиентите.

Кога ќе се одржува?
Обуката ќе се одржи на 30-ти ноермври и 1-ви декември, од 9ч до 17ч.

Каде?
Местото на одржување на обуката ќе биде во хотелот Холидеј Ин – Скопје, во салата “Бисер“.

Што добивате  дополнително?

  • Секој кој што успешно ќе ја заврши обуката (активно присуство на најмалку 80% од обуката) се стекнува со сертификат издаден од Regent Hospitality (сертификатот е на Англиски јазик);
  • Работни материјали;
  • Листа на контакти за ваше идно вмрежување и соработка;

НАПОМЕНА: Обуката ќе се одржува со група од минимум 10 членови.

Колку треба да инвестирате?

ПРОМОТИВНАТА ЦЕНА НА ОБУКАТА ИЗНЕСУВА 6.000 ден.
 
Реалната цена на чинење за овој тип на обука е 18.000 ден. по учесник, но согласно целите за развој на бизнис вештини, оваа обука ќе ви биде овозможена по повластена цена.

Како да се пријавите?
За пријавување на оваа обука, доволно е да ги пратите следните информации на info@regent.mk, со назнака
“Пријава за обука за жени-менаџери“:

  • Име и презиме
  • Контакт телефон