Обука на професионални возачи за управување со ризици

Со цел да се зголеми конкурентноста на авто превозниците од Р. Македонија пред странските туроператори, а воедно и како резултат на анализата на потребите за стручно дооформување на практичните познавања и вештини за управување со ризици кај автопревозниците, како и преку дискусиите со дел од сопствениците на транспортните претпријатија во изминатиот период, Regent Hospitality Consulting врши Обука на професионални возачи за управување со ризици.

Со оваа обука ќе се направи прилагодување на знаењата и вештините на професионланите возачи, со цел да се запознаат со концептот на управување со ризици, главните ризици во нивната професија, методите на справување со несакани ситуации и процедури за избегнување на истите.

Обуката ќе им овозможи на учесниците да ги разберат главните елементи на управување со ризици во нивната индустрија, како и да се запознаат со методите на ефикасно спречување на настанување на кризни ситуации.

Преку правилно спроведување на стекнатите знаења во пракса, сопствениците на транспортните претпријатија ќе можат да ја зголемат конкурентноста на пазарот, како и да значително да ја зајакнат безбедноста при вршење на услугите кои тие ги нудат, преку острулување на нивните вработени за управување со ризици и справување со кризни ситуации.

Знаењата и вештините со кои ќе се стекнат учесниците по посетата на обуката вбројуваат:

  • Што е Кризен менаџмент
  • Главни ризици при вршење транспорт на патнци
  • Начини на справување со ризици
  • Законски обврски (Македонски закони)
  • Припрема и проверка на превозните средства
  • СОП – Стандардни Оперативни Процедури

По завршувањето на оваа обука учесниците ќе бидат способни да ги идентификуваат главните опасности од различни аспекти, односно во дадена ситуација, професионалните возачи да направат соодветна стратегија со која ќе се контролира ризикот, негово избегнување, смалување, делење или прифаќање во различен обем.

На учесниците на обуката ќе им бидат доделени сертификати за успешно завршна обука за Управување со ризици во транспортната индустрија


REGENT HOSPITALITY CONSULTING

Информации и консултации:

02 3119615  |  070267087  |  070217058

contact@regenthospitality.org
www.regenthospitality.org