Квалитетот на услугата во хотелите и рестораните и покрај модерната технологија сепак најмногу зависи од човечкиот фактор, односно квалитетот и стручноста на персоналот.

Тренинзите и обуките претставуваат единствен начин со кој вработените константно се унапредуваат и се одржуваат во стручна кондиција, што е од голема важност како за нив лично, така и за компанијата.

Нашите обуки се специјално оформени на начин со кој главниот фокус се става на спецификата на работењето и потребите на објектот во дадената област. Сите програми се така дизајнирани да можат да се изведуваат во самиот објект (in-house).

Во интерес на обезбедување на максимален ефект од овие обуки, нудиме можност за континуирано следење на работењето на персоналот, во сите сегменти од дејноста кои се опфатени со дадените обуки.

Изберете ги оние тренинг програми кои сметате дека се потребни за усовршување на вештините на Вашиот персонал, подигнете го квалитетот на услугата и зголемете го профитот на Вашиот објект.

Професионалните обуки се испорачуваат според следните програми: