Комуникациски вештини кај жените-менаџери

Под влијание на традиционалниот приод и сфаќањата на средината во која работи жената менаџер, хотелско угостителскиот бизнис не се разликува многу од другите стопански дејности. Оваа работна позиција, од аспект на полова диференцијација, на жената менаџер не би требало да и задава дополнителни потешкотии во работењето. Сепак, голем дел од жените-менаџери се соочуваат со потешкотии, како во делот на комуникација како со гостите, интер-персоналните односи со вработените како и при ситуации на справување со незадоволни гости.


Целта на оваа обука е стекнување и унапредување на знаењата и вештините, за да се постигне поуспешна комуникација со гостите и со вработените во хотелските објекти.

Оваа обука ќе биде интензивен курс на стекнување теоретски знаења и практични вештини, кои ќе се стекнат преку обработка на следните теми:

  • Соодветно однесување со гостите
  • Потребни вештини во угостителството и нивна примена
  • Справување со поплаки од гости
  • Прием и комуникација со гости
  • Почитување на различностите кај луѓето
  • Тимска работа и улогата на менаџерот во хотелот и ресторанот
  • Справување со несекојдневни ситуации
  • Процес на комуникација
  • Давање и примање на информација
  • Решавање на конфликти

Обуката е дизајнирана да се реализира во 4 дена, а целите ќе се постигнат во сесии составени од практични и интерактивни вежби пропратено со теоретско предавање.

Кои се обучувачи?
Тренери на обуката се Горан Дамчевски и Ирена Јакимова, SHL сертифицирани тренери.

Горан Дамчевски, како претпприемач и активен учесник во тековите во реалниот бизнис сектор, своето 30-годишно искуство активно го пренесува на своите клиенти од 2012 година.
Основач е на Регент Хоспиталити Консалтинг, компанија која се занимава со консултации и организација на едукативни семинари во Македонија и регионот, а воедно и раководен консултант и едукатор во областa на хотелски и ресторански менаџмент.
Тој е сертифициран тренер на тренери, во полето на Соодветна комуникација со клиенти, од страна на SHL – школата за хотелски менаџмент во Луцерн.
Како стручен консултант, активно е инволвиран во повеќе програми за доедукација на кадри преку промоција на неформалното образование, како што е програмата за развој на хотелиерството и туризмот, на Европската Банка за Обнова и Развој.

Ирена Јакимова е сертифициран обучувач и консултант за деловен развој. Од 2011 година, таа активно работи како тренер (предавач) и консултант на менаџери, претприемачи и компании. Таа има изградено огромно искуство во областите на маркетинг, рекламирање и комуникации, како за компании, така и за меѓународни развојни организации. Таа има повеќе од 15 годишно работно искуство за домашните претставништва на интернационалните рекламни агенции, како што е DDB Needham (ИДЕА Плус), МекКен Ериксон, Скопје. Нејзиниот ангажман во областа на тренинг и едукација ги покрива темите од областа на менаџмент, комуникација, продажба, мотивација и личен развој.
Таа, исто така, е Мастер обучувач на SHL (Swiss Hotel Management Academy) за комуникација насочена кон клиентите.

Што добивате  дополнително?

  • Секој кој што успешно ќе ја заврши обуката (активно присуство на најмалку 80% од обуката) се стекнува со сертификат издаден од Regent Hospitality (сертификатот е на Англиски јазик);
  • Работни материјали;
  • Листа на контакти за ваше идно вмрежување и соработка;

НАПОМЕНА: Обуката ќе се одржува со група од минимум 10 членови.