Основни услови за адекватно опремена кујна

Кујната во угостителскиот објект со својот простор, опрема и елементи треба соодветно да одговори на потребите за подготовка на храна, пијалок и десерти.

Основни услови кои секоја адекватно опремена кујна мора да ги исполнува:

  • Адекватна опрема за термичка обработка на храна и пијалоци;
  • Адекватен простор за подготовка на храна (сечкање и чистење);
  • Уредите за разладување (фриждерите) треба да имаат термометри за контрола на температурата;
  • Различни разладувачки комори кои ќе ви овозможат складирање на повеќе типови храна;
  • Садовите за кујната треба да имаат добар квалитет и да се соодветни за нивната намена;
  • Посебна просторија за перење на обоените и белите садови со користење на топла и ладна вода;
  • Одвоени манипулативни патишта за обоените и белите садови;
  • Соодветна вентилација која ќе ја собира пареата, чадот и мирисот и нема да дозволи ширење во останатите просотрии;
  • Природно или вештачко проветрување или клима уред со можност за регулирање на температурата;
  • Знаци за забрането пушење кои се на видливи места;
  • Против-пожарен апарат;
  • Канти за отпад со капак кој може да се отвори со нога;
  • Кутија за прва помош на видно и достапно место.

savjeti-kako-pripremiti-restoran-ili-bar-za-ljetnu-sezonu-kuhinja

Сите работни површини во кујната треба да имаат плотна која лесно се чисти, а површините на кои се работи со вода треба да бидат изработени од нерѓосувачки материјали или инокс.

За одржувањето на хигиената на вработените во кујната, потребен е посебен мијалник со топла и ладна вода, течен сапун, хартија за раце или апарат за сушење на раце.

Подот во кујната треба да биде водоотпорен и да не се лизга. Тој треба да биде со одвод и заштитна решетка. Висината на плафонот во кујната треба да изнесува не помалку од 2,80 метри, а доколку има систем за вентилација, минималната висина е 2,50 метри.

Ѕидовите на кујната во просторот во кој се припрема храната треба да имаат висина од 1,80 метри почнувајки од подот, да бидат обложени со водоотпорни материјали кои се лесни за чистење,  а на прозорите и отворите во кујната да има поставено заштитни решетки кои ќе спречат влегување на инсекти.

Најважно од сè, секоја кујна треба да биде беспрекороно уредена и чиста, а отпадот треба редовно да се отстранува.


REGENT HOSPITALITY CONSULTING

Информации и консултации:

02 3119615  |  070267087  |  070217058

contact@regenthospitality.org
www.regenthospitality.org