“Post-opening” и “Soft-opening” фази

Конкретно, фазата на “мекото отворање” е комплексна фаза затоа што во хотелот сè уште има голем број на индивидуалци и големи компании кои се во индиректна врска со хотелот. За да се уреди ентериерот и хотелот да го добие својот посакуван сјај и гламур, оваа фаза бара добра комуникација и организација помеѓу сите кои се директно вклучени во изградбата и уредувањето. Секоја инволвирана страна треба да си стави приоритет на својата работа, за да биде навремено завршена и свеченото отворање да биде извршено точно на најавениот датум. Доколку оваа фаза не е изведена успешно, негативните последици можат да бидат големи затоа што се губи драгоцено време и средства.

Денот на свеченото отварање е од најголема важност за имиџот на секој хотел затоа што ќе бидат присутни сопствениците, а најчесто и локалните власти и идните инвеститори. Нормално е на отворањето на еден реномиран хотел да бидат поканети и идните гости кои ќе ги користат нивните услуги, како што се конференциските сали и салите за состаноци и манифестации. Знаеме дека сите свечени отворања имаат ограничени средства, затоа главната намена на ова отворање е да се претстави хотелот во јавноста и да се покажат сите негови предности.

Често поставувано прашање е дали свеченото отворање треба да биде големо и гламурозно или пак да биде само посетено од одредени група на луѓе. Отворањето пред сè треба да биде оригинално. Често пати се среќаваме со отворање кое што веќе сме го виделе или пак потсетува на нешто на кое што сме присуствувале. Овој настан може, а и треба да биде оргиниален и уникатен, за присутните да бидат импресионирани од хотелот, но и од самиот настан.

Фазата која доаѓа после свеченото отварање и почнува истата вечер, т.н. “Post-opening” фаза е исто важна како и фазата пред отворањет. Сите вработени во хотелот се среќни кога официјално ги сместуваат своите гости, но ниту тоа не е крајот. Фазата на пост отварањето зависи од големината на хотелот, може да трае од шест па до дванаесет месеци. Времетраењето на оваа фаза ќе покаже дали хотелот работи како што се посакува или пак ќе се покажат некои недостатоци кои настанале при градењето на објектот, односнои проблеми кои до тој момент биле невидливи, а се од исклучителна важност за квалитетот на услугата. Секако работата на еден хотел е да обезбеди најдобра услуга и квалитет и затоа треба да бидат исполнети очекувањата на гостите.


REGENT HOSPITALITY CONSULTING

Информации и консултации:

02 3119615  |  070267087  |  070217058

contact@regenthospitality.org
www.regenthospitality.org