Обука за современ маркетинг и управување со приходи

Како резултат на анализата на потребите за стручно дооформување на практичните познавања и вештини како и преку дискусиите со сопствениците на хотелски објекти, Regent Hospitality Consulting организира интегрирани обуки на тема “Современ маркетинг и управување со приходи”.

Со оваа обука ќе се направи прилагодување на знаењата и вештините на хотелиерите и сопствениците на објекти за приватно сместување, со цел да се постигне поефикасен маркетинг и продажба, продолжување на сезоната и балансирање на исполнетоста на нивните расположливи капацитети.

Обуката ќе им овозможи на учесниците да ги разберат главните елементи на управување со современите канали на продажба, како и да се запознаат со методите на ефикасно управување со приходи во индустријата.

Преку правилно спроведување на стекнатите знаења во пракса, хотелиерите ќе можат да ја зголемат просечната исполнетост на нивните капацитети во континуитет низ целата година, а со тоа и ефективно да ја зголемат сезоната и избегнат наглите подеми и падови во продажбата.

Знаењата и вештините со кои ќе се стекнат учесниците по посетата на обуката вбројуваат:

  • Разбирање на важноста на електронските канали на маркетинг и продажба;
  • Eфикасно управување со електронските канали на продажба;
  • Способност соодветно да ги користат посредничките агенции;
  • Методи на намалување на зависноста и трошоците за агенциски провизии;
  • Соодветно користење на социјалните медиуми за промоција;
  • Дефиниција на цели и опсег на Маркетинг и продажба и Управување со приходи;
  • Способност за анализиза на сегментите и структурите на понудата и побарувачката;
  • Креирање на ценовна политика и начини на Управување со приходи;
  • Креирање на сет на компетитивност, стратегија за пазарно позиционирање, употреба на методи на прогнозирање на понуда и побарувачка и управување со цената;
  • Изработка на модели за дополнување на понудата на дестинацијата и модели за дополнување на сопствената понуда, со цел продолжување на сезоната за цела година.

По успешното завршување на обуката, кандидатите ќе се оспособат за самостојна имплементација на наведените техники за маркетинг и продажба на своите сместувачки капацитети и ќе се стекнат со вештини за практична имплементација на модели кои ќе им помогнат во употреба на нови алатки за унапредување на работењето.

Учесниците ќе се стекнат со знаење за основите за управување со туристичка дестинација и туристички капацитети за индивидуално сместување.

На учесниците на обуката ќе им бидат доделени сертификати за завршена обуката.


REGENT HOSPITALITY CONSULTING

Информации и консултации:

02 3119615  |  070267087  |  070217058

contact@regenthospitality.org
www.regenthospitality.org