Управување со хотели

Доколку имате хотел и сакате да го доверите управувањето на искусен тим од професионалци во хотелскиот бизнис ние сме спремни да ви понудиме соработка по основ на моделот – Менаџерски договор.

Оперативен менаџмент

Во овој случај целокупната грижа за работењето на хотелот ја првзема нашиот тим. Повеќе нема да треба да размислувате за оперативното работење, правните аспекти, продажбата и маркетингот, како и тоа дали вршите набавка по најповолни услови.

Вас единствено ќе ве интересираат резултатите од работењето, а ние гарантираме, резултатите од работењето во заеднички интерес дека ќе бидат максимални со тоа што двете страни ќе остварат поголема довика.

Задачата на сопственикот на хотелот ќе биде само да ги прати финансиските резултати, а задачата на нашиот тим ќе биде тие резултати да се остварат.

“Asset” менаџмент

Во секој хотел се крие потенцијал за поголема заработка, само потребно е тој да се пронајде. Потенцијалот може да биде интерен-внатрешен (подобрување на продуктивноста со помош на подобра организација, иновации на производите и услугите кои се нудат) или екстерен-надворешен (развој на нови пазари, нови маркетинг стратегии и сл.) Заедничка цел е хотелот подобро да привредува на долг рок и да ја зголеми финансиската добивка за сопственикот.

Менаџмент конслатингот подразбира широк спектар на консултантски активности од страна на нашиот тим во доменот на оперативното работење на хотелот. Постојано известување за работењето на хотелот ќе доведе до зајакната организација постигнување на подобри финансиски резултати.

Низ краткорочни консултативни активности од страната на нашиот тим, Вие ќе добиете долгорочно подобрено работење на вашиот хотел.


Закажете средба за детално да се информирате околку нашите услуги:

Администрација:   02 3119 615
Горан Дамчевски:  070 217 058