Наша главна цел и мисија е дистигнување на самостоен модел на високо-ефикасно управување кај нашите клиенти, истовремено обезбедувајќи им континуирана поддршка  и развој  во интерес на унапредување на работењето.

Regent Hospitality Consulting е интернационална организација која асоцира консултанти кои се специјализирани во повеќе области од хотелската инсутрија. Посветени на имплементација на меѓународните стандарди за квалитет во хотелиерството, целиме кон подобрување на сите сегменти од работењето на нашите клиенти. Со помош на експертизата на нашиот консултантски тим, им помагаме на хотелско-угостителските објекти да ги задоволат потребите за квалитетна услуга на нивните ценети гости.

Ние ја разбираме уникатноста на пробелмите и предизвиците со кои се соочуваат објектите во хотелско-угостителската индустрија, како и различните потреби кои секој од нив ги има. Токму затоа нашите тимови се фокусирани на развој на индивидуални консултантски стратегии, персонализирани според потребите на клиентот.

Професионална квалификација

Нашите консултанти, соработници и предавачи се со долгогодишно меѓународно практично искуство во своето поле на експертиза во доменот на хотелската индустрија. Како гаранција за нивото на компетентност, сите активно-инволвирани консултанти во нашата организација задолжително исполнуваат повеќе меѓународни стандарди за професионална квалификација.

Ние секогаш го поттикнуваме личниот и професионален развој на нашите соработници. На редовни интервали, нашата организација организира внатрешен тренинг и одржува семинари за членовите на тимот. Сертификацијата од страна на меѓународно признати институции игра голема улога при изборот на нашите соработници, како и ангажманот кои тие ќе го имаат понатаму во реботењето со нашите клиенти.

Дополнително, сите наши главни консултанти се сертифицирани од страна на SHL – Swiss Hotel Management Academy Lucerne, светски позната академија и тренинг центар во доменот на хотелскиот менаџмент.

Наши клиенти